ИТ настан: Пријавете се за регионалните дигитални награди SoMo Borac

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК, Свет

За два месеца од сега во Ровињ, Хрватска, ќе се одржи регионалнoт фестивал за медиуми и маркетинг, Weekend Media Festival. Во склоп на фестивалот, трета година по ред, ќе се наградат и најдобрите дигитални проекти во склоп на регионалните награди SoMo Borac. На овој натпревар ќе бидат поделени 24 статуетки за осум натпреварувачки категории, и бидејќи целта на настанот е да го награди најиновативното, статуетките ќе бидат испринтани со 3Д принтер.

Сите компании, маркетинг агенции и професионалци ќе можат да се пријават за неколку награди како SoMo Face за најдобра Facebook страна; SoMust Have за други друштвени мрежи; SoMo Content за најдобар маркетиншки проект; Community Manager на годината; награда за Viral Blockbuster, односно за највиралната содржина; SoMo Tech за најдобрите мобилни и веб апликации; награда за дигитален микс, односно за кампањи што делувале преку различни дигитални канали; награда за дигитален на годината, односно од лицата кои биле одговорни и ги воделе дигиталните проекти.

Наградите ќе бидат доделени од главното жири кои го сочинуваат експерти од целиот Балкан: Никола Врдољак (404, Хрватска), Борис Личина Борја (Jasno i Glasno, Хрватска), Владо Кармелиќ (Drap, Хрватска), Дубравко Опашиќ (Degordian, Хрватска), Матеј Шполер (Infinum, Хрватска), Вања Берталан (Web Burza), Владимир Чосиќ (McCann, Србија), Никола Бараќ (Huge Media, Србија), Игор Бозовиќ (Executive Group, Србија), Иван Живковиќ (Pioniri, Србија), Сашо Димитриевски (Pristop/Renderspace, Словенија), Зоран Тројер (Sonce.net, Словенија), Дубравко Грубишиќ (httpool, Босна и Херцеговина), Ејуб Кучук (Mita group, Босна и Херцеговина), Филип Арсов (Synapse – Digital Agency, Македонија), Дарко Булдиоски (New Media, Македонија) и Тарик Заимовиќ (Bild Studio, Црна Гора).

Рокот за пријавување е 4 септември 2015-та. Повеќе за наградите и фестивалот ќе најдете на официјалните сајтови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments