0 коментари 2 мин. читање 4 јуни, 2013

ИТ настан: Пријавете го вашиот стартап на првиот европски TechCrunch Disrupt

ТechCrunch Distrupt конференцијата на познатиот ИТ блог за прв пат доаѓа во Европа, поточно во Берлин во октомври. На конференцијата на која ќе се зборува за новите технологии централното место ќе го има Startup Battlefield натпреварот на кој може да учествувате и вие со вашиот стартап ако се пријавите на време и секако ако покажете дека имате солиден продукт.

Конференцијата е една од најголемите настани за стартапи бидејќи покрај 50.000 долари награда, околу 30 стартапи ќе добијат и огромно внимание на светската сцена. TechCrunch е еден од највлијателните ИТ блогови во светот, познат по раната промоција на стартапите. Ако аплицирате, TechCruch ве советува да направите и PowerPoint и видео презентација на вашиот продукт за полесно да го претставите.

Во меѓувреме, на Балканот ќе се одржат четири TechCrunch meetups. Од 1 јули до 5 јули Џон Бигс од TechCrunch ќе одржи настани во Софија, Белград, Загреб и Љубљана. Целта на овие собири ќе биде дружењето и запознавањето со сцената, и секако „тражење на стартапи за Distrupt Berlin”.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top