ИТ настан: Пријавете го вашиот сајт за Веб наградите 2011-та

во ИТ.МК

Учејќи од грешките Media Solutions ги организираат вторите по ред Веб награди 2011 за најдобар .мк сајт на годината, најиновативен сајт, најдобар бизнис/корпоративен сајт, најдобар информативен сајт, најдобар сајт за е-трговија, најдобар блог и најдобар форум.

За разлика од минатогодишното фиаско, сега е оставено на корисниците и сопствениците да си номинираат сајт во седумте категории. Секој посетител може да пријави максимум 3 веб сајтови.

Покрај номинирањето, втора новина е што сега во гласањето ќе учествува и публиката. Соодносот на финалните гласови е 60 отсто од жирито, и 40 отсто до публиката. Во моментов на сајтот нема кој ќе биде дел од жирито, туку само критериумите, но од Media Solutions велат дека се испратени поканите, и наскоро ќе бидат откриени и имињата на стручното жири.

  • Гласањето ќе започне на 21.11 и ќе трае до 15.12.2011. Секој корисник може да подели по 3 гласа во секоја категорија, односно 2, 6 или 10 поени.
  • Победниците ќе бидат објавени на 20.12.2011-та и ќе добијат симболично признание за развојот на веб медиумите.

Веб награди 2011-та се организираат под покровителство на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, и Словачката амбасада.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Горан
Горан
14 years ago

Предлог за организаторот: да воведе и категорија сајт со најдобра мобилна верзија. Особено затоа што мк сајтовите не посветуваат внимание на мобилни верзии

Pero
Pero
14 years ago

Значи не можам да си го внесам името на кирилица…. Каков кредибилитет за избор на сајт за годината има организација со сајт како sajtnagodinata.mk…

види ги сите огласи на kariera.it.mk