0 коментари 2 мин. читање 29 септември, 2014

ИТ настан: Повик за Блогираме и Twitter награди за „да се направат полно пари“

Македонската блог платформа Блогираме.мк планира да организира трети блогираме и Twitter награди во 13 декември 2014-та година. Планот е наградите да бидат во петок за да дојдат многу луѓе. Но, пред да се организира настанот ќе треба да се соберат „многу пари од сите оние кои ќе сакаат да го искористат настанот за своја промoција и ќе ни даат нешто кеш под рака“.

Како и досегашните Блогираме.мк награди, ќе има околу дваесетина категории за избирање на најдобрите постови, блогери, нови лица на сцената, најдобрите твиреџии од прва и #третасмена, најсмешните твитови и што ти уште не. Номинациите во сите категории ќе бидат одберени и предложени од публиката, која потоа ќе гласа за нив, како што до сега беше пример. Но, засега номинирањето не е започнато, бидејќи се чини дека се бараат спонзори.

„Затоа значи кој има вишок пари, алкохол, опрема за озвучување, светла, локали, нечисти пари од дрога што би сакал да ги испере, сериозен продукт, услуга, нова тарифа и сака да ја презентира слободно нека не исконтактира на нашата Facebook странa или Тwitter или на меилот [email protected]“, велат од Блогираме.мк.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top