ИТ настан: Полудневна бесплатна работилница за основите на Drupal

во Веб, ИТ.МК, Совети

На 8-ми април е закажана бесплатна работилницa за запознавање за основите на Drupal и дружење на сите ентузијасти на овoj CMS (content menagement system). „Со оваа работилница се приклучуваме на настанот Global Drupal Training days организиран од Drupal Association, на кој учествуваат повеќе земји од светот и одржуваат работилници на тој ден. Целта е заедницата да се запознае со основите и придобивките од користењето на оваа платформа“, објаснува Васил Гроздановски од македонската Drupal заедница.

Конечната цел на работилницата е да ги запознае сите гости за можностите што ги нуди Drupal, како може платформата да се искористи да се започне кариера, и ќе се сподели знаење за на крајот на денот посетителите да можат да креираат свој Drupal сајт. Повеќе детали има на Facebook настанот, a регистрацијата е на Drupal.mk.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk