Мicrosoft сака електронското пенкало да биде корисно како глувчето

во Хардвер

Image courtesy of Microsoft

Можебу Microsoft и Apple имаат различна идеја како треба да се користи електричното пенкало, но и двете компании прават сериозни напори да го популаризираат стилото. Еден обид на Microsoft е во новата надградба на оперативниот систем Windows 10 Anniversary Update да го донесе Ink Workspace функционалност што ќе ја зголеми употребата на моливчето и ќе овозможи негово користење во сите апликации.

Еден од новитетите е промена на Sticky Notes, апликацијата која постои од поодамна, но сега ќе може да биде повикана од било каде преку Ink Workspace. Она што можеби ќе помогне за поголема популарност е супер едноставното повикување на белешките, бидејќи ова сега ќе биде овозможено и со притисок на копчето за бришење, наместено на самото моливче. Дополнително овие белешки се интегрираат со Cortana, говорниот асистентот кој ќе разбира што пишувате и може да ве извести доколку нешто заборавите да направите. „Вештачката интелегенција конечно е доволно интелигентна. Па може да напишеме белешка, а вештачката интелегенција да ја процесира и автоматски да креира хајперлинк до неа во календарот, ова повеќе не е фантастика. Microsoft ова го прави и со гласовните команди и ќе биде подобро во иднина“, вели The Next Web.

Новитет е можноста за одбележување на нешто на екранот со моливчето и негово споделување. Примерот кој го сподели компанијата помалку потсетува на можностите кои сака да ги имплементира Microsoft во HoloLens, имено примерот прикажува одбележување на една копче на вебсајт и текст до него „искористи го ова“. Најголем дел од овие можности беа достапни и досега, но корисниците, пред се ентузијастите мораа да инсталираат куп апликации и екстензии за прелистувачите. Со следната надградба на Windows ова ќе биде овозможено директно од моливчето.

Windows 10 Ink Platform Build 2016

Windows 10 Ink Platform Build 2016/TheNextWeb

Доказ дека доаѓа времето на електричните моливчиња е и Apple кој го додадоа на новите iPad Pro таблети. За дел од уредите глувчето и тастатурата остануваат незаменливи, но се поголем е бројот на хибридни комјутери кои се комбинација на таблет и лаптоп. Вo таблет мод на работа управувањето со моливчето сепак е поедноствано од виртуелната тастатура.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
за целосна понуда на продукти, на market.it.mk