0 коментари 1 мин. читање 5 јуни, 2015

ИТ настан: Покажи ги програмерските вештини на финалната рунда на CodeFu 2015

Во недела на 07.06.201  ќе се одржи финалната рунда на натпреварот во програмирање CodeFu 2015. Најдобро пласираните 32-ца натпреварувачи од двете онлајн квалификациски рунди кои се одржаа на 19.04.2015 и 17.05.2015 ќе се натпреваруваат во City Hall центарот во Скопје. Освен правото да се фалат, тројцата најдобри натпреварувачи ќе освојат патување во Швајцарија и посета на меѓународната конференција JAZOON’15 .

Натпреварот кој е наменет за студенти и постдипломци се одржува веќе девет години. Како и претходните години, форматот на натпреварувањето останува ист и се состои од решавање на пет алгоритамски задачи. Натпреварувањето ќе започне во 12:00 часот и натпреварувачите ќе имаат три часа за решавање на проблемите.

Повеќе информации за натпреварот може да најдете на веб сајтот на CodeFu. Погледнете ја и галеријата од минатогодишното финале.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top