WordPress има нова алатка за аналитика која го покажува најдоброто време за постирање

0 коментари 1 мин. читање

WordPress ги надгради своите алатки за аналитика со Insights, новата функционалност овозможува секој да провери кој период во кој ден од неделата е најпогоден за споделување на статии, блог постови и слично.

Алатката овозможува да проверите кои денови и во кој часови имате најмногу посетители и со тоа да го планирате и објавувањето на статиите. Станува збор за алатка за графичка презентација на резултатите од посетите, која го прикажува периодот на објавување, бројот на прегледи, бројот на посетители и бројот на постови. Покрај ова Insights овозможува и следење на коментари, тагови, следбеници и категории, остатанатите модули остануваат непроменети.

Сепак и WordPress на својот блог објаснува дека доколку сакате подобри броеви и подобра анализиа на Insights, најдобрата работа која може да ја направите е да почесто да објавувате новости. Сите фанатици кои сакаат аналитика на своите псотови, најверојатно веќе имаат инсталирано и други алатки кои го овозможуваат истово, сепак додавањето на подобра аналитка на WordPress секако е за поздравување.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед