0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: One го стартува вториот Instagram предизвик #Zimogram

По #Letogram на кој беа пратени над 2.500 фотографии од над 300 автори, One го стартува и вториот Instagram предизвик #Zimogram кој ќе трае од 29-ти јануари до 13-ти март. Корисниците на популарната апликација за споделување на фотографии ќе можат да ги пријават своите фотографии до 28-февруари, по што ќе следи гласање за најдобрите, и прогласување на победниците.

Toa што мора да се запомни дека сите фотографии, кои мора да се лично дело и кои ќе бидат пријавени, ќе треба да бидат со опис хаш-тагот #zimogram. Правилата ќе ги најдете тука.

Instagram е популарна мобилна апликација за iOS и Android со која може да се споделуваат фотографии најчесто модифицирани со различни филтри што им даваат уникатност и на наједноставните слики. Instagram неодамна беше купена од Facebook за 1 милијарда долари.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top