0 коментари 2 мин. читање 29 јануари, 2013

Петиција до Белата Куќа бара DDoS нападите да станат легален начин за протестирање

„Наместо група луѓе да стои на улиците и да го окупира просторот, тие можат да ги користат своите комјутери да ги забават или оневозможат корисниците да пристапан на некоја страна краток период,“, стои во петицијата поднесена до Белата Куќа која бара DDoS нападите да бидат прогласени за легаленн облик на протест.

DDoS се користи за напад на владини страни или страни на коопорации како форма на протест, но исто така, DDoS напади беа користени за рушење на Wikileaks, а не е тајна дека дека стануваат омилено оружје против неистомислениците на властите во Русија. Руската држава, односно нејзините служби неколку пати го користат нападот за спречување на протести и преноси на демонстрации. Ваквите напади се се почести и врз независните медиуми и опозиционите страни во Украина, Белорусија, Мјанмар, Мароко и Казакстан, пишува The Verge.

DDoS се „омилено“ оуружје на хактивистите Anonymous, па не е изненадување што веднаш застанаа зад иницијативата и ја споделија петицијата на својот Twitter профил.

Дел од петицијата потенцира дека сите затворени поради употреба на DDoS, треба веднаш да бидат ослободени и прекршоците да им бидат избришани од досиејата. За потсетување групата LulzSec исто така користeше DDоS, но без идеја да искаже било каков протест.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top