Апликацијата за споделување видеа на Twitter за iOS Vine само неколку дена откако беше стартувана наиде на проблеми со експлицитни содржини, но и со голем број на лажни профили. Отстранувањето на експлицитни содржини барем засега се прави од блокирање на неприкладни хаш-тагови, односно наместо отстранување на содржината, пребарувањето на #porn, #boobs или #sex сега не враќа резултати што не значи дека нема порнографија. Експлицитните содржини сè уште се тука, само скриени по хаштагови како #pornvine или #nsfw на пример, јавува The Verge.
Проверувањето на профилите Vine планира да го реши на начин со кој на своите корисници ќе им доделува значки за верификација. Значката има форма на осум-крака ѕвезда во која е вметнато логото на Vine. Вакво нешто веќе постои на Twitter.

„Проблемот“ со екплицитните содржини нема да биде отстранет во догледно време и секако не на задоволство на корисниците, кои со право прашуваат „Кој ќе ја одреди границата кога завршува уметноста и почнува порнографијата?“. Сепак брзото решавање на проблемите несомнено ќе ја зголеми довербата кај потенцијалните, но и кај веќе постоечките корисници на апликацијата.







