ИТ настан: Одиме на блогерска журка со Блогираме.мк

Неодамна објавениот агрегатор за блогови, Блогираме.мк oрганизира журка по повод „раѓањето на нашето сајбер-катч“ на која ги повикува сите заинтересирани блогери и тие што се мислат да отворат блог за да се запознаат и дружат. Дечките од Блогираме.мк велат дека проектот е креиран од заедницата за заедницата, и ова е еден добар начин да се зближи таа заедница.

Журката, на која си поканет и ти!, ќе се случи на 31 март, сабота, во клубот Сектор 909, Скопје, со почеток во 21:00 часот. Повеќе информации тука.

„Тоа што нас како тим не радува е дека Блогираме.мк беше одлично прифатен од заедницата. Мора да нагласиме дека тоа беше и е нашата основна цел. Се постави уште на почетокот императив да биде тоа проект кој ќе биде корисен како на блогерите да дојдат што полесно до пошироката публика, така и за оној последниот читател. Токму затоа ни е битна персонализацијата во рамки на Блогираме.мк.“, вели Барбара Петруловска. “Од ден на ден, луѓето доаѓаат и го користат, иако секако дека до нас е да го направиме што поинтересен за што повеќе и што поразличен тип на корисници.“

Дали македонските блогери имаат доволно содржина и влијание да привлечат поголемо внимание од медиумите?

Дефинитивно има блогови на кои и некои сајтови би можеле да им позавидат во поглед на професионалноста при обраќањето кон публиката, па дури и во поглед на дизајнот и функционалностите. Тоа е така бидејќи сепак се работи за врвни професионалци во своите професии, било да се работи за блогови кои се занимаваат со „проблематиката“ на маркетингот, менаџирањето, модата, дизајнот, некои технички блогови, па дури и ако сакате оние за рецепти и готвење или пак политички мислења. Секако тука може да се најдат и блогови на врвни фотографи заедно со нивната работа што секако е од интерес и би можело да го привлече вниманието, заедно со уште еден тип на блог, влогот (видео блогот), каде мора да забележиме дека има и тоа како простор допрва да се развива кај нас.

Како другите корисници гледаат на блоговите во споредба со друштвените мрежи?

Повеќето од луѓето се одлучуваат на чекорот да отворат сопствен блог откако ќе стекнат одредена популарност на друштвените мрежи, било преку својата смисла за хумор или контроверзноста на темите кои ги обработуваат во своите статуси или преку интересните линкови кои ги споделуваат и дури откако некој од медиумите ќе го искористи нивниот статус, твит, линк, како вест, идеја или многу често и буквален плагијат без да се наведе изворот. Кај блогот е многу јасно наведено кој може и под кои услови да ги користи содржините најчесто преку CC (Creative Commons) лиценците, што секако помага при нивното градење како релевантен фактор во сферата која им е од интерес. Ова е само еден од факторите кои блогот го прават супериорен во однос на профилот на одредена социјална мрежа.

Што очекувате од журката?

Да се запознаеме. Да кажеме кои сме, од каде сме, до каде сме и зашто сме, пред се преку една кратка презентација, а потоа и со добра журка и дружење. Да си поминеме убаво сите, затоа што сепак Блогираме.мк е од заедницата и за заедницата и сакаме сите наши корисници, пријатели, поддржувачи, а и сите други да го знаат тоа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk