Наредната генерација на PlayStation конзолата се вика „Orbis“, што на латински значи круг или прстен. Официјално од Sony нема многу детали за гејминг конзолата, ниту се знае кога отрпилика ќе биде објавена, но затоа пак има детали од анонимни извори.
Гејминг блогот Коtaku дознава oд извори блиски до компанијата дека Sony им посочил на развивачите на игри да планираат дека Orbis ќе има AMD x64 процесор и AMD Southern Islands графички процесор, кој може да прикажува игри на 4096 x 2160 резолуција. Секако, овие спецификации треба да се земат со резерва бидејќи конзолата е во развој и можно е да биде редизајнирана.
Наводно „одредени развивачи“ веќе имаат добиено алатки за развој на апликации, додека финалните бета алатки ќе бидат објавени до крајот на 2012-та година. Ова може да значи дека PlayStation Orbis, доколку остане името, ќе се појави до за време на божичните празници во 2013-та, откако ќе се креираат доволно апликации.
Изворот на Kotaku вели дека Orbis ќе го следи трендот на PS3 кој немаше поддршка за играње на PS2 игри, што значи дека сега е редот на PS3 игрите да бидат извисени. Дополнително, конзолата ќе има мерки со кои ќе се бара онлајн активација на игрите со цел да се спречи тргување на стари игри.
Sony одби да коментира за целава приказна, велејќи дека не коментираат на „гласини и шпекулации“.







