ИТ настан: Обука за порталите да се справат со говор на омраза

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК, Совети

Фондацијата Метаморфозис и Мисијата на OBSE во Скопје упатуваат повик за учество во обука за справување на говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и администратори на веб портали. Целта на обуката е да придонесе кон зајакнување на капацитетите на онлајн медиумите во Македонија за препознавање и спротивставување на говорот на омраза и говорот што поттикнува насилство и криминал од омраза, како и промоција на професионалните новинарски стандарди во синергија со Сервисот за проверка на факти од медиумите.

Пријавувањето е до 5-ти октомври, а обуката ќе се одржи на 7 октомври во Скопје, хотел Stone Bridge со почеток во 10:00 часот. Обуката е еднодневна, а целокупните трошоци за учеството ќе бидат покриени од страна на организаторите. За учесниците кои ќе доаѓаат од други места ќе биде обезбедено покривање на патните трошоци во висина на повратен автобуски билет.

Селекцијата на пријавените кандидати, претставници на веб-портали и други медиуми, ќе биде извршена според редоследот на пријавување. Во случај да се пријават повеќе кандидати од капацитетот на одбраната обука, тие ќе може да учествуваат или на наредните обуки од циклусот, или ќе бидат поканети на учество на наредни настани од сличен вид.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments