0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Нова TEDxSalon сесија за социјалното претприемништво

За 16-ти март е закажана TEDxSalon сесија, која е прва сесија од шесте предвидени TEDxSeptemvriskaSesijaSalon. Темата ќе биде „Социјални иновации – Нов пристап кон решавање на општествени предизвици”. Дискусијата на настанот ќе ја отворат гостите Климентина Илијевски и Афердита Хаџијаха Имери, кои ќе бидат тука доколку треба да се објаснат термини или да се даде некој специфичен одговор, објаснува организаторот. Целта на настанот е да се дефинираат поимите како социјални иновации и социјално претприемништво, но и разговор за примери од светот, регионот и државата.

TEDx се независно организирани настани, кои се лиценцирани од TED. Овој пат настанот го организира група волонтери со поддршка на Бизнис Академија Смилевски, Smart Up, Social Innovation Hub и ФИНКИ. Првиот настан од TEDxSeptemvriskaSesijaSalon серијалот ќе се одржи во просториите на Регионалниот центар за социјални иновации.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top