0 коментари 2 мин. читање 11 март, 2016

Ramstore е првиот македонски бренд кој се активира на Snapchat

Snapchat e хит меѓу македонските корисници, и можеби наскоро и меѓу македонските брендови. Првиот бренд кој се активира на друштвената мрежа е Ramstore кој започна да споделува кратки „снапови“ и приказни кои траат само 24 часа. Проектот го водат маркетинг агенциите NewMedia MК и KingKong Agency од Осијек.

„Со овој чекор отвораме уште еден канал за отворена, двонасочна комуникација со една од клучните групи посетители на трговскиот центар, младата урбана популација“, вели Ramstore.

Snapchat е апликација која се очекува да го замени Facebook. Има над 100-тина милиони корисници во светот кои секој ден споделуваат над 7 милијарди слики и видеа. Но, тоа што го прави Snapchat уникатен е што тие содржини имаат краток рок, ги снемува засекогаш после 24 часа. Апликацијата во моментов е попопуларна помеѓу младите корисници кои избегаа од Facebook, но сепак се релевантна таргет група за огласувачите. „За секоја нова генерација, потребна е и нова комуникација. Snapchat е токму таа апликација на новата генерација“, велат од KingKong Agency.

IMG_3255

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top