Startup Grind имаше одлично деби во Скопје, со најава дека ќе продолжи со редовните настани и многу локални стартапи, инвеститори и експерти од странство. По месец дена, ветувањето е остварено. Ќе има втор Startup Grind Skopjе, закажан за 14 јули, на кој ќе зборуваат Иван Иваноски од Tesseract Interactive, еден од ретките македонски стартапи кој доби 30.000 инвестиција од надвор; и актерот и гејмер Гораст Цветковски, кој ќе го презентира својот концепт за гејминг шоу GG.mk. Ќе гостува и Жарко Поп-Илиев, претставник на правата македонска мрежа за бизнис ангели, кој ќе го сподели неговото искуство со работа за стартапите. Настанот е закажан за 14-ти јули, со почеток од 18 до 21 часот во МКЦ ресторанот во Скопје.
Иако двата стартапи се поврзани со видеоигри, Tesseract има своја игра Excubitor која излезе во јавна бета, сепак темите за кои Иван и Гораст ќе зборуваат на вториот Startup Grind ќе бидат малку посериозни. Ќе се зборува за како да се стартува компанија со пријателите, како да стигнеш до инвестиција и каков предизвик имаат балканските гејминг студија пред нив. Гораст ќе објасни и како интернет телевизија му помага на гејмингот да прерасне во вистински е-спорт со турнирии кои имаат наградни фондови од неколку милиони долари.
По нив, ќе ја чуеме и перспективата на бизнис-ангелите. Жарко Поп-Илиев, претставник на правата македонска мрежа за бизнис ангели, ќе го сподели своето искуство со стартапи, од менторство на стартапи до структурирање на повеќе инвестициски зделки.
Startup Grind Скопје е локално претставништво на глобалната Startup Grind заедница, чија цел е да едуцира, поврзе и инспира претприемаштво, посебно на локалните цени. Организиран од Clear View, Startup Grind Skopje тежнее да биде месечен собир на локалната стартап заедница, од ентузијасти, до стартапи, до инвеститори. Билетот е 490 денари, а треба да го резервирате на [email protected] до 11 јули.
„Она што ми влева оптимизам е дека последниве години има движење на нашата стартап сцена. Ако до пред неколку години не се знаеше што е стартап, сега имаме успешни примери. Што е „стартап”, дали е само ИТ, и како ИТ може да биде клучен овозможувач за стартапи во други области како финансии, здравство, туризам, едукација, и мојата омилена тема: храна, ќе зборуваме на Startup Grind настаните“, вели Ирена Ефремовска од Clear View во интервју за It.com.mk.