HummingBoard е нов микро компјутер кој по се наликува на надградена верзија на Raspberry Pi. Компјутерот доаѓа од Solid Run кој велат дека димензиите се избрани за додатоците кои се на располагање на Raspberry Pi да можат веднаш да се искористат и за HummingBoard.
„HummingBoard овозможува работа на поголем дел од отворените оперативни системи – Ubuntu, Debian или Arch, но и Android и XMBC. Технологијата е базирана на SolidRun Micro System on Module подготвена е за користење на OS images и хардверот е отворен. Најдоброто е што HummingBoard е Linux компјутер поддржан од заедницата што значи дека можете да го менувате како сакате и да добиете целосна поддршка и помош која ви е потребна“, вели SolidRun.
Компјутерот сепак е надграден во однос на Raspberry Pi, со 1GHz ARMv7 процесор кој претставува надградба во однос на 700 MHz ARMv6 на Raspberry Pi. Humming Board доаѓа во три конфигурации i1, i2 и i2eX; i1 доаѓа со i.MX процесор и 512 MB RAM; i2 доаѓа со 1 GB RAM; а i2eX доаѓа со mini PCIe и mSATA портови и гигабитен NIC, јавува GEEK. Во портовите за конекција кои се достапни на HummingBoard се: Ethernet; до 4 USB порти; GPIO пин; LVDS излез за дисплеј; HDMI; дигитален и аналоген аудио излез; Infrared ресивер и интерфејс за камера. Цената на HummingBoard ќе биде помеѓу 45 и 100 долари во зависност од верзијата, а во цената не е вклучено напојувањето и microSD картичката.
[youtube]dnGiYir07as[/youtube]







