Data scientist, или експерти кои знаат како да ги менаџираат, организираат и, пред се, да им дадат смисла на суровите податоци кои дене се собираат од сите страни, е една од најбараните работи во светот, вели сервисот за онлајн курсеви, Coursera. За да одговори на побарувачката на таленти, Coursera, во соработка на Универзитетот Вашингтон, објави нов курс за „Introduction to Data Science“. Курсот е поделен на пет дела меѓу кои се манипулирање на податоци со размери (Data manipulation at Scale), Анализа и пренесување на резултатите, а како дел од него се и осум вежби и прашања на крајот од секое предавање.
„Трговијата и истражувањето се трансформираат со помош на предвидувања базирани на анализа на податоци. Вештините потревни за анализа на податоци на масивни нивоа – скалабилно управување со податоци преку облак или без него, паралелни алгоритми, статистичко моделирање и владеење со сложени алатки и платформи – се протефаат низ различни дисциплини кои не се едноставни за изучување во наставните програми. Разгледајте ги основните техники на науката за податоци, вклучувајќи SQL и NoSQL решенија за манипулирање со масивни податоци, алгоритми за податочно рударење и основни статистички модели.“
„Introduction to Data Science“ пред се е наменет за студенти кои сакаат да се здобијат со вештини за обработка на голем број на податоци и алатки за предвидување и анализа. Што се однесува за потребноти предзнаењето, препорачано е предзнање на бази на податоци и познавање на програмирање бидејќи 2 од вежбите се во Python, една е во SQL и една е во R. Курсот доаѓа и со 8 задачи кои заинтересираните треба да ги поминат со цел да ја завршат наставата, се разбира доколку сакате можете и да ги следите предавањата со ваше темпо. Што се однесува до потребните материјали софтверот ќе биде достапен на виртуелна машина, иако корисниците може да го инсталираат на својот компјутер.
data geeks, come join! https://t.co/lAyILP9aZ7 #DataScience
— Tamara (@TAtanasoska) July 7, 2014