По празничната пауза, продолжуваат понеделничките дискусии за сите теми oд мобилната индустрија. Mobile Mоndаy, кој се одржува секој прв понеделник во месецот, се враќа со нова тема: „Изработката на игри и се што треба да знаеме пред да започнеме со тоа“.
Презентер на настанот ќе биде Кирил Кироски кој моментално работи во I Sioux Taurus на позиција на главен програмер за игри за iPhone и iPad. Тој има 5 годишно искуство во областа на програмирање игри, од кои една година работи на игрите за iPhone и iPad. Пред новата година нивниот тим ја објави прва игра за iPhone – YoudaBeaver, а при крај се и со вториот дел од истата игра.
Теми кои ке бидат обработени на овој Mobile Monday Macedonia се:
- Како изгледа процесот на правење игра;
- Платформи кои имат голема примена при изработката на iPhone игри;
- Програмески искуства со нашата прва игра.
[youtube]OHIWu_kcLQQ[/youtube]







