ИТ настан: На седмото издание на MobileMonday ќе се дискутира за мобилни игри

0 коментари 1 мин. читање

По празничната пауза, продолжуваат понеделничките дискусии за сите теми oд мобилната индустрија. Mobile Mоndаy, кој се одржува секој прв понеделник во месецот, се враќа со нова тема: „Изработката на игри и се што треба да знаеме пред да започнеме со тоа“.

Презентер на настанот ќе биде Кирил Кироски кој моментално работи во I Sioux Taurus на позиција на главен програмер за игри за iPhone и iPad. Тој има 5 годишно искуство во областа на програмирање игри, од кои една година работи на игрите за iPhone и iPad. Пред новата година нивниот тим ја објави прва игра за iPhone – YoudaBeaver, а при крај се и со вториот дел од истата игра.

Теми кои ке бидат обработени на овој Mobile Monday Macedonia се:

  • Како изгледа процесот на правење игра;
  • Платформи кои имат голема примена при изработката на iPhone игри;
  • Програмески искуства со нашата прва игра.
Бесплатниот настан ќе се случи во понеделник во 18.30 часот во Kлубот на новинари.

[youtube]OHIWu_kcLQQ[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед