Првиот понеделник во месецот е посветен за сите мобилни ентузијасти. На осмоиот по ред Mobile Monday ќе се дискутира за бизнис апликации за iOS. Гостин е Коце Петров, основачот на Duna компјутери, провајдер на AIDC решенија на македонскиот пазар и основач на првата дигитална печатница. Тој го има реализирано и проектот за одбележување на домашни животни со RFID чипови во соработка со со Институт за сточарство при Земјоделски факултет.
Неговото предавање ќе се однесува на iOS платформата (Duna компјутери е официјален увозник на Apple во Македонија). Темата ќе бидат бизнис апликациите, како и за искуството на неговата фирма во изработка и развој на бизнис апликации за iOS платфорамата, како iUltima за iPad.
Mobile Monday започнува во 18:30 часот во Клуб на новинари во Скопје. Влезот е слободен за сите ентузијасти кои сакаат да дискутираат и научат повеќе за мобилните платформи.