0 коментари 2 мин. читање 16 октомври, 2015

ИТ настан: На Drupal Meetup Октомври 2015 ќе се прославува за новата верзија

Drupal Community Macedonia и тимот од Circle Web Foundry, кои се членови на српската Drupal заедница ги покануваат сите заинтересирани за дружба и прославување на излегувањето на Drupal 8 RC1.

Drupal е бесплатна платформа за менаџирање на содржина (CMS), која се користи од 2 отсто од сите веб сајтови на интернет. Бидејќи е платформа со отворен код има над 30.000 девелопери кои продонесуваат кон нејзиниот развој. Платформата наскоро ќе го добие својата осма верзија, иако во моментот таа треба да се тестира. Првиот Release Candidate е пуштен за сите девелопери да го испробаат, и е повод за настанот на локалната Drupal заедница. Тоа што е ново е што фокусот е ставен на „mobile friendly, mobile first“ стратегијата, односно теми кои се responsive за сите големи на екранот. Додадени се опции за повеќе јазици, усовршени се алатките и подобрени се перформансите. Повеќе за новата верзија ќе дознаете на настанот на 17-ти октомври во Fourplay Cafe во Скопје, со почеток во 19:00 часот.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top