0 коментари 2 мин. читање 16 октомври, 2015

GG.mk S02E01: Стартува новата сезона на најдобрата емисија за игри во Галаксијата!

GG.mk, или според нив „најдоброто шоу за игри во галаксијата далеку, далеку!!!“, ја стартува својата втора сезона. Премиерите од секоја нова епизода повторно одат секој понеделник на Twitch.tv каде имаат над 90.000 прегледи, и уште илјадници прегледи на YouTube каде се објавуваат снимката. Големи промени нема, истата екипа составена од Данко, Гораст и Бобо се во малку подновено студио, со истиот ентузијазам дискутираат за сите игри – стари, нови, добри, лоши и епски! Новината е можеби што GG.mk ќе се скрати на еден час, наместо на час и половина плус како што траеше првата сезона.

Новата сезона стартува со најважните вести од гејминг светот, ќе споделат искуство од посетата на GamesCom, и рецензии на Тransformers: Devastation, Star Wars: Battlefron BETA, и Tony Hawk Pro Skater 5. Погледнете ја првата епизода од втората сезона:

Disclaimer: IT.com.mk е медиумски партнер на GG.mk бидејќи веруваме дека гејмингот е добро хоби и одличен е-спорт.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top