0 коментари 1 мин. читање 29 октомври, 2012

ИТ настан: Мобил Фестивал 2012

Главната фестивалска вечер на третиот интернационален фестивал на филмови снимени со мобилен телефони, Мобиле Фестивал 2012, ќе биде на 5-ти ноември во Скопје, со почеток во 20:00 часот во киното Фросина. Ќе има уште една вечер од фестивалот која ќе се одржи во Битола на 10-ти ноември. Освен филмови од Македонија за награда ќе се натпреваруваат и филмови од Италија, Египет, Словенија кои својата премиера ќе ја имаат во Скопје.

Најавен е и Mobile Festival работилница од отворен тип на која секој може да присуствува. Работилницата ќе се одржи на 6-ти ноември во кино Фросина и ќе опфати 4 курса за основи на сценарио и филмско истражување, за филма продукција, дигитална монтажа и користење на дигитална камера.

Mobile Workshop се прави во соработка со една од позната француска филмска академија Louis Lumiere College од Париз.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top