На 30 јуни, недела, во Македонија по втор пат ќе се вклучи во глобалното одбележување на денот на друштвените мрежи. Social Media Day е настан инициран од познатиот блог кој ја следи интернет култура, Mashable и се организира на сите континенти во повеќе од 200 градови. Во Македонија настанот го организираат интернет маркетинг агенцијата NewMediaMK и блог агрегаторот Blogirame.mk. Организаторите велат дека 100 професионалци, ентизијасти и „зависници” на сервиси како Facebook, Twitter, Instagram, Pinterest и други ќе се соберат на Велешкото езеро со цел да разменат искуство, да се дружат и да го одбележат денот кој 4-та година по ред се одбележува низ целиот свет.
„Денов го одбележуваат ширум светот сите луѓе кои активно се занимаваат со Социјалните медиуми но и сите оние кои секојдневно гледаат корисни работи во нив. Го одбележуваме денов за да покажеме дека не сме само тастатури и мобилни телефони, дека сме луѓе подготвени да направат нешто повеќе од кликање.“, истакна Дарко Булдиоски од NewMediaMK.
Официјалниот дел од програмата започнува по 12 часот во Мотелот на Велешкото Езеро. Настанот е отворен и може да присуствува секој. Локацијата и самата програма ја дефинираа самите учесници, односно ќе го споделат своето професионално или лично искуство со друштвените мрежи. Ќе слушнеме за Solaborate, друштвената мрежа за ИТ професионалци, за тоа како се користат друштвените медиуми за мобилизација на волонтери за зачувување на животна средина, за ефективна употреба на Pinterest, за точката на пресврт кај друштвените медиуми, за најпопуларните твитови во Македонија и многу други теми.