0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Како се прават пари онлајн? е темата на вечерашниот Beer and Code #9

Вечерва се одржува Beer & Code, настан кој иако е пред се наменет за дружење, е место на кое може да е разменуваат искуства и знаење. Деветиот Beer and Code е посветен на онлајн заработката и на прашањето „Како да заработите онлајн?“, кое ќе го одговори Ивица Пениќ од Mariviam Success Academy. Средбата започнува во 20:00 во Road House, Скопје, па ако сте девелопер ви препорачуваме да отидете на пиво и кодирање, и да ја запознаете заедницата.

Beer & Code е организиран од Иван Мајсторовиќ, основач на Fridgecheck, кој доаѓа од Хрватска со желба да се запознае со македонските програмери. Идејата беше да запознаат талентирани луѓе и да споделат идеи, преку неформална дружба.

„Основната идеја беше, со пиво во рака, да разговараме за актуелните трендови, да споделиме идеи и да ја зајакнеме македонската заедница, бидејќи по Mobile Monday на кој предавав, немаше посериозни ИТ настани“, вели Иван. „Кој знае можеби еден ден ќе направиме и конференција“.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top