0 коментари 1 мин. читање

Дизајнер направи картонски батерии за телефон кои се рециклираат

Минијатурни картонски батерии Mini Power се вистински „енергетски додаток во исхраната“ на паметните телефони. Иновација доаѓа од Тсунг Чих-Хсиен кој е добитник на Red Dot наградата за дизајн.

Станува збор за батерии за една употреба кои по празнењето се рециклираат, а можат да овозможат дополнително време на работа од 2, 4 или 6 часа во зависност од капацитетот на картонската батерија. Батериите доаѓаат на перфориран картон од кој по потреба може да ги извадите и да ги приклучите на телефонот.

Предноста на Mini Power пред конкурентите е што се едноставни за рециклирање, а продавниците каде се продаваат батериите ќе ги собираат и празните батерии. Во време кога загадувањето со електрични уреди од кој најголем дел се батерии, едноставното рециклирање е навистина огромна предност.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top