И со само 6 отсто од корисниците Азија ја помина Европа на Facebook

0 коментари 1 мин. читање

Според статистиката која ја објави SocialBakers, Facebook во Азија има повеќе од 250 милиони корисници, додека бројот на Facebook корисници во Европа е 241 милион, а во Северна Америка е 236 милиони.

Ова е охрабрувачки за компаниите и програмерите кои сакаат да влезат во тој нов огромен пазар кој е подготвен да ги прифати новите технологии. Интересно е што иако Азија ја надмина Европа по вкупниот број, процентуално само 6 отсто од Азијците го користат Facebook. Во Европа тој процент изнесува 29 отсто, а во САД и Канада е неверојатни 44 отсто.

Ниската пенетрација на Facebook во Азија е резултат на нееднаквата развиеност и пристап до новите технологии на различни делови од земјите во тој континент. Најчесто се фаворизираат локалните сервиси, посебно во Кина каде покрај Facebook се блокирани и други веб сервиси, иако многу корисници користат Facebook преку прокси сервери.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед
To top