0 коментари 2 мин. читање 11 јуни, 2014

ИТ настан: Kако да го претставите стартапот за 3 минути?

Колку и да се добри продуктот и технологијата, сепак ако не знаете да го претставите стартапот јасно и гласно, тогаш шансите да привлечете интерес се мали. Разликата од тие што ќе се обидат, и тие што ќе успеат, е вештината за кратко време да ги импресионираат инвеститорите и судиите. Токму „пичување на стартап за помалку од 3 минути“ е темата на четвртиот Weekly Dose of Acceleration, организиран од македонскиот акселератор New Man’s Business, закажан за денес, 11-ти јуни, во 19 часот.

На неделниот настан, отворен за сите, ќе гостува Теодос Пејоски, еден од основачите на македонскиот стартап G6 Solutions кои собраа импресивно искуство во последните две-три години. G6 освои 100.000 долари од Samsung, а неодамна беа и финалисти на Shift Conference во Сплит каде ја претставија својата нова апликација за анонимно четување, Black App. Теодос ќе зборува за „сите скриени состојки кои мора да се опфатат во презентацијата, преку кои ќе привлекувате внимание пред инвеститорите и ќе се поврзете со публиката“. Настанот е бесплатен, но мора да се резервира место.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top