Kairos CEE Venture Competition започна со прибирање на пријави за овогодинешниот регионален стартап натпревар, кој ќе се одржи на 8 мај во Будимпешта, Унгарија. Натпреварот е наменет за студенти oд Јужно-источна Европа, па oрганизаторите ги повикуваат сите кои ги исполнуваат условите да се пријават за настанот.
Натпреварот е добра можност за македонските стартапи да се претстават пред поголема публика, а освен Македонија на натпреварот ќе учествуваат стартапи од: Албанија, Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Молдавија, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Унгарија, Украина, Хрватска, Црна Гора и Чешка. Лани учествувале над 350 млади претприемачи кои направија 50 тима.
За за натпреварот се онлајн подготовка и дводеневен курс со ментори во живо, по што основачите на стартапите треба да се подготвени за своето претставување пред комисијата во финалето. Терминот со ментори во живо е 6-ти и 7-ми мај, по што следи финалното претставување на 8-ми мај. Победниците на настанот имаат можност за претставување на својата идеја на глобалниот натпревар во Калифорнија пред копании како Cisco, IBM, Sprint и GE. Заинтересираните студенти, под 26 години, можат да се пријават тука.







