Во последниве неколку месеци Facebook одржуваше тајни разговори со поголем број на медиуми. Тема на разговорите било хостирање на содржините кои ги објавуваат медиумите да биде на мрежата, открива New York Times. Првите партнери на друштвената мрежа најверојатно ќе бидат The New York Times, BuzzFeed и National Geographic, а блиску до договор со Facebook e и Times. Понуда за партнерство е испреатена и до Guardian, Quartz, The Huffington Post, но барем засега нивното партнерство е неизвесно.
Доколку Facebook успее да ги убеди креаторите на содржина да ги префрлат содржините на мрежата, се проценува дека корисниците во иднина би можеле да добијат поквалитетен сервис, со кој нема да мораат да чекаат префрлање на серверите на медиумите. Според мрежата времето потребно за отворање на линковите е 8 секунди, што е исклучително долго кога се во прашање мобилните уреди, во иднина ова би морало да се скрати, а со тоа и корисниците ќе добијат подобра услуга.
Медиумите пак ќе добијат хостирање на најголемата друштвена мрежа и потенцијален пристап до 1,4 милијарди корисници. Освен ова Facebook најави флексибилност и соработка со медиумите за пронаоѓање на дополнителни начини за рекламирање, што би можело на медиумите да им донесе повеќе пари. Сепак медиумите ќе мора да се откажат од дел од податоците на читателите, па така по отворањето на веста медиумите нема да имаат податоци за тоа кој е читателот, колку често ги посетува и што друго разгледува на Интернет.







