0 коментари 2 мин. читање 25 март, 2015

Научници закачија минијатурни GPS сензори на пчели

Минијатурен сензор прикачен на пчелите им овозможува на научниците непречено да го следат нивното однесување. Технологијата е креирана по примерот на онаа која се користи во магацините за следење на палетите, јави ВВС. Уредот овозможува следење до растојание од 2,5 метри, што е значително зголемување со оглед на тоа дека досега ова растојание беше 1 сантиметар. Во моментот сензорот е во рана фаза, но во иднина ќе биде потенок и полесен и ќе може да се користи и за следење на помали инсекти.

„Првата фаза беше креирање на одбележувачи од компоненти кои се лесно достапни. До сега имам направено околу 50, ги залемив на моето биро – ми се чиниеше на операција…“, вели др. Марк Онил, кој е лидер на проектот.

Приемниците ќе бидат поставени на ливада каде би доаѓале пчелите по нектар и полен. Поставувањето на предаваелите кои се минијатурни 8 х 4,8 mm трае помеѓу 5 и 10 минути, а предавателот се прилепува на пчелите со супер лепак. Истражувањето и следењето со помош на технологијата треба да помогне за пронаоѓање на решение со големото изумирање на пчелите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top