8 коментари 2 мин. читање

Netcetera во Скопје го отвори Netaville – нов ИТ хаб и ко-воркинг простор

Една од пореномираните ИТ компании во државава, Netcetera, презеде одлична иницијатива која треба да допринесе кон развојот и сплотувањето на локалната ИТ сцена. На улица Никола Тесла бр. 9, (во зградата позади Joy, спроти техничките факултети), отвори ИТ хаб и ко-воркинг простор под името Netaville.

“Netaville е средина која го стимулира развојот на локалната тек-сцена, поддржува ИТ настани и споделување знаење. Од почетници до искусни професионалци, етаблирани организации, и организатори на настани. Секој е добредојден во овој простор кој е место за иновации, размена на визии, идеи и постигнувања.” – истакнуваат од Netcetera.

ИТ хабот Netaville е одлично среден и голем простор кој се надеваме дека ќе биде максимално искористен од страна на студентите, ИТ професионалците и останатите ИТ компании и организации.

Планот е просторот да работи од 08.00 часот наутро до 22.00 часот навечер, а покрај ко-воркинг просторот во хабот има и кафетерија.

Ултимативната цел зад хабот е да биде отворен (без потреба од резервации) простор за дружење и работа на ИТ студенти и професионалци. Вакво нешто на локалната сцена, во недостиг на професионални и атрактивни ко-воркинг простори и хабови досега го постигнаа Public Room и до некаде Кантина, но секако дека има простор за повеќе, а особено за хаб кој е менаџиран од ИТ компанија и нема примарна цел угостителство.

Доколку пак некој би сакал да го изнајми просторот и да организира настан, за тоа ќе бидат достапни алатки преку официјалниот вебсајт (кој се уште не е пуштен и покрај денешната јавна промоција и PR push на Netcetera, но најверојатно како и секој ИТ проект… доцни :)) ) а од компанијата најавуваат и мобилни апликации за таа намена.

Капацитетот на просторот е следен:

  • Училницата собира 24 луѓе,
  • Амфитеатарот 50 до 70,
  • Кафетеријата и lounge просторот околу 50-тина,
  • А ко-воркинг просторот за работа 20 места.

@Netcetera, ви посакуваме успешна работа со хабот и како .мк ИТ заедница да имаме многу корисни дружби во Netaville!

Btw, ако не знаеш зошто просторот се вика Netaville, кликни тука.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Forum replies (8)Kоментари на статија (0)

Се вчитуваат нови одговори…

ARMac

senior

9,392 пораки 12,333 лајк

Кафетеријата и lounge просторот дали служат алкохол? Ако да да се собереме од форумов да си ги мериме
знаењата.

одговори 5 лајкови

Oktar

Хаќер без дрон

6,186 пораки 18,829 лајк

Делува кул местото, дефинитивно ќе го посетам некој ден. А не е лоша идејата на @ARMac за дружба во горенаведените простории.

одговори 5 лајкови

mdeni

senior

6,099 пораки 6,042 лајк

Затоа ли беше гужвата пред некој ден...

одговори Лајк

Nikola100

poweruser

5,319 пораки 5,315 лајк

Кафетеријата и lounge просторот дали служат алкохол? Ако да да се собереме од форумов да си ги мериме
знаењата.

ИТ + алкохол = знаење :ROFLMAO:

одговори 4 лајкови

ARMac

senior

9,392 пораки 12,333 лајк

ИТ + алкохол = знаење :ROFLMAO:

Ехеее него како.

одговори 1 Like

gdamjan

poweruser

4,068 пораки 3,527 лајк

ИТ + алкохол = знаење :ROFLMAO:

мерење знаења рече :)

одговори 2 лајкови

DaniDaniel

hello world

104 пораки 181 лајк

Ќе раскажуваме на помладиве генерации на ФИНКИ "лесно ви е сега вас, во наше време само едно бифе имавме во подрум на ТМФ"
*океј и драмски за кафе.

одговори 5 лајкови

ARMac

senior

9,392 пораки 12,333 лајк

Ќе раскажуваме на помладиве генерации на ФИНКИ "лесно ви е сега вас, во наше време само едно бифе имавме во подрум на ТМФ"
*океј и драмски за кафе.

Чичо да ви каже...
Во наше време ако сакаше информаткика се запишуваше ПМФ. Се студираше 6 до 10 години ееее побрзо лекар ќе станеше.

одговори 3 лајкови

Comments are closed.

Мени
Заедница
Изглед
To top