0 коментари 2 мин. читање 12 октомври, 2022

Онлајн презентација на табла со Witeboard

Доколку често се наоѓате во ситуации да држите презентации, односно да објаснувате работи за време на онлајн состаноци, како преку zoom, teams, и слично, тогаш сигурно сте се нашле во ситуација да сакате подобро да ја пренесете вашата мисла преку цртање или пишување одредено нешто.

Witeboard е веб сајт кој инстантно ви дозволува да цртате и пишувате на бела табла. Можете да користите моливи во најразлични бои, да влечете линии, да пишувате текст, како и да го избришете истиот или да се вратите еден чекор наназад. За подобра ефикасност, секоја од споменативе алатки имаат кратенки. Па така, за време на презентацијата, доколку го претиснете копчето P, ќе можете да користите молив, а преку копчето Т инстатно започнувате со пишување текст.

Доколку кликнете на копчето Share, линкот на таблата ќе биде копиран, и секој што ќе го кликне ќе добие пристап до она што сте го вие направиле, за да може инстатно да се надоврзе во презентацијата.

Таблата може да биде бела, но и црна. Дополнително, може да се детектира некој облик и да се промени во неговата совршена форма (пробајте да нацртате круг). Тоа што го цртате и пишувате на таблата, можете да го сочувате и како слика.

Се надеваме нареден пат кога треба да објаснувате нешто онлајн, Witeboard ќе може да ви помогне!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top