6 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: ИТ Форум 2012 на AIESEC

ИТ Форум 2012 е дводневен едукативен семинар кој ќе се одржи на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на 7 и 8-ми април. Целта на едукативниот семинар е промовирање на важноста на Интернетот и познавањата од областа на компјутерите. Сакаме да ја покажеме важноста на ИТ во нашето секојдневние и неговото влијание врз секоја индивидуа.

На едукативниот семинар ќе присуствуваат и претставници од македонски ИТ компании со кои студентите ќе имаат директен контакт за да се здобијат со нови знаења кои подоцна би можеле да ги применат во практика.

Повеќе информации за настанот ќе најдете на нивната Facebook страна. Цена за учество е 250 денари.

AIESEC е непрофитна организација предводена од студенти, и служи како интернационална платформа за млади луѓе да го истражат својот лидерски потенцијал. АИЕСЕК е активна во 110 земји на 1.700 универзитети, има над 53.000 членови и секојдневно нуди околу 9.500 пракси и 8.300 лидерски способности.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top