0 коментари 1 мин. читање

Судот вели RapidShare е легален сајт, но ќе мора да ја набљудува содржината

Високиот хамбуршки регионален суд во Германија пресуди дека популарниот сајт за хостирање на фајлови Rapidshare работи легално во земјата. Сајтот е обивнет дека го потпомогнува споделувањето на пиратска содржина, и беше споредуван со контроверзниот MegaUpload.

Иако Rapidshare е легален, според германскиот суд, сепак сајтот мора да ги мониторира надворешните сајтови кои линкаат до авторска содржина, пишува TorrentFreak. Судот исто така пресуди дека Rapidshare не е обврзан да ги следи фајловите кои се закачуваат од корисниците.

Ова е прв пат суд да го признае бизнис моделот на Rapidshare како легален. Сајтот се наоѓа во бројни легални битки со забавната индустрија која инсистира дека Rapidsharе и слични такви сајтови се пиратско дувло. За да покаже дека е легитимен сајт, Rapidsharе ја намали брзината на симнување на бесплатните корисници со цел да ги демотивира пиратите да го користат сервисот.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top