Првиот Ден за отворена влада во Македонија ќе се организира на 21 март, 2012 година во Holiday Inn, сала Milenium II од страна на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), Светска банка и УНДП.
На конференцијата се поканети сите заинтересирани кои сакаат да земат учество и придонес кон нацрт верзијата на Акцискиот план за отворена влада на Македонија.
„Граѓанскиот сектор акумулира огромна креативна енергија која треба да се користи поактивно во јавниот сектор преку подобрување и негување на културата на вклученост и почитувањето на правата на сите граѓани во процесот на креирање политики и донесување одлуки, донесување закони и пристап до информации.“, пишува во Нацртот.
Во планот се додава и дека:
„Владата може со минимални трошоци, да отвори огромен број податоци врз база на кои други можат да развиваат нови бизнис модели и иновативни решенија (апликации, е-услуги, итн.). Економските анализи за новата Директива на ЕУ за информации на јавниот сектор, предвидува дека политиката ан отворени владини податоци би требало директно да ја зголеми деловноста (бизнисите) до 40 билиони евра годишно или до 0,3% БДП, а со комбинација на директни и индиректни ефекти (влијанија) процентот може да се искачи до 1,7% БДП.“
И дека јавните информации имаат голем економски потенцијал, и можат да бидат темел за зачувување на благосостојбата на потрошувачите.
„Концептот на Отворена Влада слободен и бесплатен пристап до податоци и информации, без технички или законски ограничувања како и целосно вклучување на засегнатите страни во активностите на Владата.. Пристапот до податоците од администрацијата е гарант за транспарентност, ефикасност, еднакви можности, соработка, но исто така создава и додатни вредности. Преку ова податоците од различни извори можат да бидат користени од различни и повеќе заинтересирани страни за креирање на дополнителна вредност од податоците. “
Настанот започнува во 10:00 часот, а ќе биде отворен од ИТ министерот Иво Ивановски. Во утринската сесија ќе има неколку теми поврзани со владата на Македонија и примери од странство. Во пладневната сесија која започнува од 14:00 часот ќе се споделат искуства од САД, Обидинетото кралство но и ќе се дискутира за предизвиците за отварање на владините податоци.







