0 коментари 2 мин. читање 20 јуни, 2014

ИТ настан: Грешките во видеоигри се тема се тема на Инди Пиво #3

Сите гејминг ентузијасти и кретори на независни видеоигри се поканети на третиот Инди Пиво. Средбата, закажана повторно во мезе барот Убац во Скопје на 26-ти јуни од 18:00 часот, се поклопува со Glitch Jam настан кој сака да покаже дека грешките, или гличовите, се еден од клучните делови при креирање на игри. Некои грешки станаа култни, како негативното ниво во Super Mario, а други и дел од истражување за епидемии. Влијането на гличовите во игрите ќе се дискутира и на Инди Пиво #3. Првиот собир на креатори на независни игри беше инициран од Дајана Димовска од данското гејминг студио KnapNok Games, а сега е организиран од Кристијан Трајковски и Мартин Пупков од македонското студио Dark-1.

„Присутните ќе имаат прилика да ги покажат нивните игри доколку сакаат, ќе се дискутира за најразлични гличови кои се имаат појавено во игрите, и како можат да се искористат како средство за изразување во нашите игри. Гличови се грешки во игрите, кои не се критични и често се смешни или чудни и некогаш оставаат последици врз понатамошната игра“, вели Кристијан.

[youtube]K3g2840zXKY[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top