Yahoo и Microsoft го обновија своето партнерство. Двете компании, кои само заедно можат да му конкурираат на Google, повторно ќе соработуваат да понудат подобро пребарување, со подобри услови за огласувачите и долготрајна стабилност за партнерите. Партнерството помеѓу двете компании трае од 2009 година кога Microsoft купи дел од Yahoo, а новото продлабочување само ја покажува одлучноста на двете компании, велат Microsoft и Yahoo во соопштението.
„Напето глобално партнерство со Yahoo е од корист за заедничките корисници изминатите пет години и се радуваме на идната соработка и надградба на она што веќе заедно го имаме направено“, вели директорот на Microsoft, Сатја Надела.
Новата соработка се однесува на две области. Yahoo ќе има поголема флексибилност да го збогати искуството на корисниците, бидејќи партнерството не е ограничено единствено на мобилна или десктоп верзијата на пребарувачите. Истовремено Yahoo ќе продолжи да испорачува Bing огласи на најголем дел од десктоп пребарувањето. Компаниите се поделени и на платформите кои ги нудат рекламите, Microsoft на Bing Ads, a Yahoo на Gemini. Двете компании ќе започнат со транзиција на менаџирање на огласите на лето.
Според договорот од 2009 година Yahoo има ексклузивно право да ги користи пребарувањето на Microsoft за PC, a Microsoft им исплаќа процент од Bing рекламите кои доаѓаат од Yahoo. Овој договор останува непроменет и покрај направената ревизија.