0 коментари 2 мин. читање 24 февруари, 2015

ИТ настан: Game Развиотка е настан за гејмери, организиран од гејмери

Ќе се одржи вториот Game Развиотка, настан организиран од гејмери за гејмери. Целта на настанот, кој е организиран од Македонска асоцијација за развивање игри, или МАГДА, е да се споделат искуствата од поискусните до поновите креатори на видеоигри. Game Развиотка II: Враќање на мускулот, ќе се одржи на 28 февруари во просториите на Seavus Education and Development Center со почеток од 12:00, а влезот е слободен за сите заинтересирани.

„Идејата е да се направи платформа со која луѓето кои имаат искуство од различни аспекти во развивање игри ќе можат да ги споделат тие искуства со нашата заедница.“, вели Петар Котевски, дизајнер на игри и еден од основачите на МАГДА.

Презентери на настанот се Александар Костоски од Seavus на тема „Living as a 24h Gamer“, што ќе биде дискусија за 24 часовна посветеност на дизајнирање на игри, како од концепт се стигнува до реализација и продукција. Кристијан Трајковски и Мартин Пупков од Dark-1 ќе говорат тема „48 hour games“, односно ќе ги споделат нивните искуства од различните Game Jam-ови во Европа.

Говорите ќе бидат куси и треба да бидат уводно излагање кое ќе изроди поширока дискусија. Покрај говорите ова се разбира е одлична можност и за запознавање со заедницата, размена на мислења, но и за дружење. Планот на МАГДА е да привлече над 60-тина гејминг ентузијасти, колку што присуствуваа на првиот настан, и да започне со почести Game Развиотки.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top