0 коментари 2 мин. читање 24 февруари, 2015

Apple гради европски податочни центри кои ќе се напојуваат со обновлива енергија

Apple гради два нови дата центри во Данска и Ирска кои ќе се напојуваат во целост со обновливи извори на електрична енергија. Центрите кои чинат 1,7 милијарди евра ќе бидат користени за онлајн сервисите на Apple како: iTunes Store, App Store, iMessage, Maps и Siri, за корисниците во Европа. Покрај најавата за дата центри од Apple срамежливо најавуваат инвестиции во енергетските мрежи и во Европа: „Apple ќе соработува со локални партнери за развој на дополнителни енергетски проекти од енергија од вентер и останати извори за да обезбеди енергија за во иднина.“, вели компанијата.

Секој од двата податочни центри ќе биде на површина од 166.000 m2,а ќе бидат функционални од 2017 година. Центарот во Ирска е на местото кое до сега се користи за расадување на дрва кои не потекнуваат од Ирска, а покрај податочниот центар компанијата ќе инвестира во проект кој ќе ги врати автохтоните дрва во Derrydonnell Forest, локација за настава во природа за локалните училишта и патека за прошетки. Податочниот центар во Данска ќе се користи и за дополнитално загревање на куќите во близина на објектот, од кој ќе се одведува генерираната топлина во мрежата за загревање.

Инвестицијата од 1.7 милијарди евра е досега најголема инвестиција на Apple во Европа, кој во Европа има 672.000 вработени.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top