ИТ настан: Game Jam-от во Скопје и Битола е вистинското место за луди идеи

И оваа година, трета по ред, ќе се креираат македонски игри. Македонска асоцијација за развивање игри (МАГДА) го најави Global Game Jam 2015-та на кој се поканети сите ентузијасти, гејмери и креатори на видеоигри. Настанот повторно се одржува на две локации – во Скопје и Битола од 23 до 25 јануари, и овојпат за прв пат е под покровителство на Македонски Телеком. Македонскиот Game Jam е дел од интернационален настан инспириран од Nordic Game Jam, а се одржува на локации низ целиот свет, на кои учесниците се собираат да споделат идеи, да се запознаат, дружат и, се разбира, да креираат видеоигри.

„Нашиот настан веќе станува традиционален – трета година по ред го одржуваме. Нашата цел, како и секогаш е да ги собереме на едно место сите ентузијасти кои сакаат да играат или да работат на игри, но и оние кои сакаат да научат како се развиваат игри. Како и секоја година, ги покануваме сите љубители на видеоигри да дојдат и да помогнат на некој од тимовите – без разлика на нивното претходно искуство.“, вели Петар Котевски од KAMAi MEDIA и еден од коорганизаторите на Global Game Jam.

Организаторите за оваа година очекуваат над 200 учесници и 1.000 посетители, а се надеваат и на над 30 изработени игри. Лани на пример се направија 27 игри од 200 учесници.

„Ни требаат програмери од секакво ниво, уметници во 2Д и 3Д, музичари, луѓе со луди идеи, хејтери, романтичари… Game Jam е најдобриот начин да се сретнат сродни души за луѓе чии интерес се видеоигрите“.

Global Game Jam е eден од ретките настани во Македонија во кој навистина може да придонесете кон подобра гејминг сцена. За сите заинтересирани тимови и поединци пријавувањето за Global Game Jam започнува денес. Настанот во Скопје ќе се оддржи во Seavus Education & Development Center, а сите кои планираат настанот да го следат во Битола тоа можат да го направат во Бизнис академијата Смилевски – БАС.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments