Дванаесет министри за внатрешни работи во Париз напишаа предлог со кој сакаат да воведат ограничена цензура на Интернет, што според нив ќе помогне брзо да се отстранат содржините кои предизвикаат омраза. Министрите на Франција, Германија, Латвија, Аустриа, Белгија, Данска, Шпанија, Италија, Холандија, Шведска, Полска и Обединетото Кралство сепак додадоа во предлогот дека Интернетот мора „да ги сочува фундаменталните слободи, и да остане форум за слободно изразување“, пишува GigaOm.
Предлогот доаѓа по монструозниот терористички напад на францускиот магазин Charlie Hebdo во кој загинаа 12 лица, меѓу кои и новинари и илустратори. Провокација за нападот беа контроверзните карикатури на францускиот магазин во кои се исмејува пророкот Мухамед.
Предлогот бара од интернет провајдерите да креираат „услови за брзо пријавување и отстранување на материјали кои ќе предизвикаат омраза…“. Отстранување на говорот на омраза можеби е потребно на Интернет, но проблем е што лесно може да се премине границата на цензурирање на содржината, односно да се погази слободата на говор. Можеби карикатурите на Charlie Hebdo се премногу контроверзни за некои; за други и се говор за омраза, што според европските министри треба да се отстрани; но сeкако дека магазинот го има правото да креира пародија.
Министерите се загрижени дека Интернетот станува место каде „се повеќе се шири говорот на омраза и насилството“, и затоа се подготвени да ја спречат „злоупотребата на Интернетот за овие цели“. Но, во моментот не е баш јасно дали дополнителното набљудување на интернетот може да ја одбрани слободата на говор. Можеби ќе помогне во цензурира на индивидуални корисници кои имаат за цел да направат хаос, но пред да бидат дадени такви предлози ќе мора да се обезбеди дека Интернетот ќе остане демократско место за споделување на идеи и информации.
Во предлогот стои дека Европа ќе треба да промовира и „позитивни пораки“ во борење на терористичката пропаганда и радикалните идеи.