Facebook ќе предупредува за насилнички видеа

Facebook ќе предупредува за видеата кои содржат насилничка или вулгарна содржина. Наскоро сите видеа кои имаат таква содржина ќе доаѓаат со екран со предупредување, па корисникот сам ќе може да избере дали сака да продолжи и да го изгледа видеото. Дополнително да го реши овој проблем, мрежата автоматски ќе ги отстранува овие видеа и неприкладните фотографии, доколку корисниците се помлади од 18 години. Потегот на Facebook е добредојден да го заштити помладите од непријатни содржини, иако можеби критичарите се во право кога велат дека е задоцнет.

„Кога луѓето споделуваат содржини на Facebook очекуваме дека тоа го прават одговорно, заедно со изборот на кој му дозволуваат пристап до содржините. Во случај кога корисниците пријавуваат несоодветна содржини, ќе додадеме предупредување и ќе оневозможиме децата да имаат пристап до неа“, вели портпаролот на Facebook за BBC.

Потегот на Facebook доаѓа по барањето на Family Online Safety Institute кои забележаа видео од Сирија на кое можеше да се видат отсечени глави поставени на колци. Барањето до друштвената мрежа е да се покрие графичкиот материјал и да се направи потешко достапен за лица под 18 годиин.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments