2 коментари 2 мин. читање 13 декември, 2012

ИТ настан: Foursquare Super Duper Swarm Party 2012 во Рамстор

И трета година по ред ќе се лови Swarm значката на Super Duper Swarm Party 2012. Настанот е закажан за 22 декември во трговскиот центар Рамстор, но, наместо 290 чекирања на Foursquare, колку што имаше лани, овојпат ќе се цели кон 500 чекирања во периодот меѓу 20 и 23 часот. Исто како лани, има шанса македонската Foursquare заедница да биде прва на Балканот која ќе ја отклучи значката.

За време на настанот, кој е организиран од Рамстор, New Media MK и 365.com.mk, сите Foursquare корисници кои ќе се чекираат во трговскиот центар ќе добијат попуст во продавниците. Новост е што сега ќе има вистинска забава со локалната скопска група Пеперминт, но, бендот ќе свири само ако се отклучи значката. :)

Со среќа. Можеби наредната година ќе се цели кон Epic Swarm со 1.000+ чекирања. Еве како изгледаше собирот на македонските форскверџии лани:

[youtube]pf2xVKV-apQ[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Дарко
13 years ago

Има контакт форма на сајтот – swarm.mk

Даниел
Даниел
13 years ago

Ако се организатори Раамстор каде можам да ги контактирам во врска со настанот?

Мени
Заедница
Изглед
To top