0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Фестивал и работилница за .гифови во Concept 37, GIFEST

Регионалниот фестивал GIFEST викендов ќе се одржи во Скопје, поточно во кафулето Concept 37. Во рамки на посетата ќе се одржи изложба и работилница, а гости се основачот и организаторот на GIFEST, Мирјана Шормаз Митиќ, од Суботица и Адријан Карадиќ од Виена кој е победник на првото издание на фестивалот. Фестивалот е отворен за сите кои се заинтересирани за предавање за гифови – вистинската уметничка форма на интернетот – по што ќе биде презентиран и видео мапинг на сите клипчиња кои учествуваа во овогодинешниот GIFEST. Сите заинтересирани можат да се пријават за учество во работилницата во inbox на Concept 37.

„GIFEST има за цел да ги собере на едно место сите автори кои се бават со оваа визуелна форма и да им понуди место каде може да ги покажат своите дела“, велат од фестивалот.

Фестивалот започнува во сабота на 4 јули, а ако сте љубители на кусите клипчиња работилницата во организација на Миријана и Адријан, ќе се одржи во недела од 11.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top