ИТ настан: Европски BEST инженерски натпревар 2013

во ИТ.МК

Студентската организација BEST Скопје по четврти пат го организира инженерскиот натпревар EBEC (European BEST Engineering Competition) со мотото „Запали ја светилката, пронајди го решението“, кој ќе се одржи од 25 до 27-ми февруари во просториите на ФЕИТ/МФС.

Студентите оваа година ќе може да се натпреваруваат во две категории: Team Design и Case Study, а решенијата ќе бидат оценувани од стручно жири составено од универзитетски професори и претставници од компаниите кои го поддржуваат овој настан, и кои ќе обезбедат вредни награди за најуспешните тимови. Студентите, универзитетските професори и претставници на компаниите на 25-ти февруари ќе имаат форумска расправа на која ќе се дискутира за темите важни за нив, додека натпреварот за Team Design и Case Study ќе се одржи на 26 и 27-ми февруари.

Покрај останатите награди, најуспешните ќе имаат шанса да ја претставуваат Македонија на регионалниот EBEC натпревар во Софија, Бугарија. Додека пак, победниците на регионално ниво, ќе се натпреваруваат на Европскиот EBEC натпревар во Варшава, Полска.

На натпреварот може да учествуваат сите студенти од техничките факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. За пријавување и подетални информации, посетете ја веб-страницата на настанот – ebec.best.org.mk.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk