Се ближи Startup Wеekend Skopje, кој е еден од поголемите стартап случувања, бидејќи таму, на настанот на 20-ти ноември, ќе видиме колку всушност стартап заедницата и менторите го пренеле своето знаење и колку се добри идеите на младите претприемачи.
Но, пред да започне дво-дневниот маратон на креирање стартап од нула, Startup Weekend организира бесплатни предавања околу креирање на бизнис плановите. Стартап Викенд Академија: Од идеја до успешен бизнис е курс објавен преку новата едукативна платформа Brainster, и е наменет за сите претприемачи и стартап ентузијасти кои сакаат да научат како да започнат свој бизнис. Во предавањето ќе бидат вклучени и локални експерти кои работат со стартапи и кои ги знаат предизвиците, и кои ги знаат триковите како да победите на Startup Weekend во ноември.