ИТ настан: CodeCamp 2011

во Интервјуа, ИТ.МК

На 26-ти ноември на универзитетот ФОН се одржува еднодневната, бесплатна конференција CodeCamp 2011 организирана од програмери за програмери. Или како што ја објаснува Дарко Милевски oд македонската .NET корисничка група, „во една реченица – најдобрата програмерска конференција која досега се случила во Македонија“.

„Целта е на едно место да ги собереме најдобрите .NET програмери и нивното знаење и искуство да го споделиме со заедницата. Ќе има одлични теми претставени од искусни предавачи и професионалци, меѓу кои и 7 Microsoft MVPa. Да не ги заборавам и наградите и изненадувањата за присутните од нашите спонзори без кои овој настан не би постоел. Досега имаме 1.000 регистрирани посетители што е своевиден рекорд за еден ваков настан.“

Што е ново оваа година? Сигурно најактуелни се Windows 8 и Kinect? Нешто друго?

Оваа година, пред се, настанот значително порасна. Ова е трет по ред CodeCamp, на првиот имавме предавања во еден трек, на минатогодишниот во два, додека оваа година ке се слулчуваат предавања во 5 предавални паралелно. Тоа се значи 25 предавања, 24 предавачи, 7 Microsoft MVPа, што побарува многу повеќе труд за организација. Дополнително, оваа година, инициравме соработка и со високообразовните институции од државава, и еден трек препуштивме на студентите. Во Student Track-от ке имаме предавања од студенти кои ке ги претстават нивните проекти пред заедницата.

Што се однесува до технологиите, се трудиме секогаш да претставиме нешто ново и актуелно, но внимавајќи да го задржиме т.н. „кодерски“ правец на конференцијата. Сите предавачи се охрабруваат да воведат што повеќе код и реални програмерски примери во своите предавања. Покрај Windows8, тука се и Windows Phone 7 Mango, неколку предавања за HTML5, покриен е и „облакот“ со Windows Azure, а ниедна програмерска конференција неможе да помине без секогаш актуелните web develoment теми, како ASP, MVC, MVVM, SharePoint Online и т.н.

[youtube]b1Ljd3XQ-7E[/youtube]

Организатори на настанот е македонската .NET корисничка група. Која е ии што работи групата?

Македонската .NET Корисничка Група е динамична, непрофитабилна организација во која членуваат повеќе од 500 професионалци кои се занимаваат со информатичка технологија, пред се базирани на Microsoft технологии. Организацијата е од т.н. networking и едукативен карактер, каде искусни професионалци, но и студенти разменуваат знаење , искуства, се дружат и остваруваат контакти. Тоа го постигнуваме преку организирање на месечни средби на кои се одржуваат технички предавања, својот web портал и блоговите, како и со организирање на конференции.

Можам да кажам дека имаме одлична соработка со останатите програмерски заедници од регионот. На сите наши досегашни конференции сме имале гости од регионот. И оваа година имаме гости од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Романија. Исто така и ние организираме посета на наши членови на конференции организирани од програмерските заедници во соседството.

Дали македонските програмери се конкурентни на странските?

Во последните години се повеќе се појавуваат компании кај нас кои се занимаваат со Oursourcing. За мене тоа е добар показател дека нашите програмери, претпоставувам дека тоа е случај и за целиот регион, се барани на запад. Се повеќе западните компании се ориентираат кон југоисточна Европа и тука ги бараат своите идни партнер за outsourcing. Сметам дека нашите програмери се конкуренти на странските.

Се надевам дека ќе се видиме на настанот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Vullnet Dll
14 years ago

golem pozdrav do mojot kolega Hajan Selmani, eden od onie koi ke govorat na CodeCamp 2011.

види ги сите огласи на kariera.it.mk